Републиканците од Претставничкиот дом блокираа барање на демократите за отповикување на Трамп од функцијата претседател на САД

Мерката, која не доби едногласна согласност, е ултиматум на спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси (Демократи/Калифорнија) пред таа да покрене барање за импичмент на претседателот, по насилните протести од минатата недела на Капитол.

Републиканците од Претставничкиот дом денска блокираа резолуција со која се повикува потпретседателот Мајк Пенс и членовите на кабинетот да се повикаат на 25-от амандман и да го симнат претседателот Трамп од функцијата.

Мерката, која не доби едногласна согласност, е ултиматум на спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси (Демократи/Калифорнија) пред таа да покрене барање за импичмент на претседателот, по насилните протести од минатата недела на Капитол.

Членови на двете партии изјавија дека претседателот ги поттикнал немирите.

Пелоси рече дека ќе ја подонесе резолуцијата во Претставничкиот дом за гласање утре, ако денеска не добие едногласна поддршка.

Демократите во парламентот побараа договор резолуцијата да биде ставена на дебата веднаш, но републиканците ја запреа.

Претставничкиот дом на САД денеска објави текст за импичмент на актуелниот претседател Доналд Трамп, републиканец, поради како што наведоа – поттикнување на бунт, јави Си-Ен-Ен.

Авторите на иницијативата, која веќе е официјално доставена од  демократот Дејвид Сисилини (од Род Ајленд), се убедени дека Трамп, со своето однесување на денот на немирите во близина на Конгресот на САД, „демонстрира дека ќе остане закана за националната безбедност, демократијата и устав ако му биде дозволено да остане на функцијата “.

„Доналд Трамп изврши сериозно злосторство намерно поттикнувајќи насилство против американските власти”, се вели во документот. Забележано е дека како резултат, „толпата поттикната од претседателот Трамп на која тој зборува … нелегално влегува во Капитол, прави вандалски чин, ранува и убива службеници за спроведување на законот, им се заканува на членовите на Конгресот, на потпретседателот и на службениците во Конгресот”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот