Рекордни нови работни места во САД, предвидувањата за рецесија „паднаа во вода“

Новите работни места создадени од американските работодавци се зголемија за 517.000 во јануари.

Растот на новите работни места е изненадувачки силен во услови на агресивни потези на Федералните резерви на САД за борба со инфлацијата со зголемување на каматните стапки. Стапката на невработеност падна на 3,4 отсто минатиот месец, достигнувајќи го минимумот за половина век. Најновите податоци покажуваат отпорен пазар на труд со ниска невработеност, релативно малку отпуштања и многу слободни работни места, иако повеќето економисти предвидуваат дека ќе има рецесија.

Јануарскиот раст на работните места, што ја надмина растот во декември со 269.000, може да предизвика сомнеж дали инфлациските притисоци дополнително ќе се намалат во наредните месеци. ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки осум пати од март во обид да ја заузда инфлацијата, која минатата година достигна највисоко ниво во последните 40 години, пред постепено да забави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот