Рекорден број на новозаразени во САД: Во еден ден забележани 40.000 случаи

Во САД по два месеци расте бројот на нови случаи во јужните и западните сојузни држави и се приближува до бројките од април.

САД вчера забележаа 40.000 новозаразени од коронавирус, што е најголем број на нови случаи во еден ден од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Поради неодамнешниот пораст на инфекциите и хоспитализациите во американските сојузни држави Тексас, Флорида и Аризона одлучија да го одложат ублажувањето на мерките за ограничување.

САД има 2,5 милиони потврдени инфекции и најмалку 126.000 смртни случаи, што е повеќе од било која друга држава.

Пораст на бројот на заразени

Европа и САД се соочуваат со пораст на новозаболени, а светот е во страв од нови затворања во пандемијата од коронавирус. Повеќе од 480.000 луѓе ширум светот починаа од ковид-19, која изби во Кина кон крајот на минатата година, а се очекува до следната недела да има 10 милиони заболени.

Земјите балансираат меѓу покренувањето на економијата и задржувањето на адекватините мерки за да се спречи појава на втор бран од коронавирусот.

Во САД по два месеци расте бројот на нови случаи во јужните и западните сојузни држави и се приближува до бројките од април.

Тексас беше една од најагресивните земји во текот на повторното отворање на почетокот на јуни, но сега се присилени да запрат со попуштањето на мерките.

„Последно што сакаме е државата да назадува и да ги затвори фабриките“; рече републиканскиот гувернер Грег Абот, сојузник на претседателот Доналд Трамп, кого жестоко го критикуваат за справувањето со кризата.

САД во последните 24 часа бележи 37.667 заразени и 692 мртви, извести Центарот за контрола и превенција на болести. Досега во САД починаа речиси 122.000 луѓе, најмногу во светот.

Американските здравствени експерти сега веруваат, врз основа на испитувањата на антителата, дека во земјата се заразени 24 милиони луѓе, 10 пати повеќе отколку што покажуваат официјалните бројки.

Бразил, најпогодената земја во Латинска Америка се приближува до броевите од 55.000 мртви и 1,2 милиони заразени, додека Мексико во четвртокот забележа повеќе од 25.000 мртви.

Оптоварување на здравствените системи

Во Велика Британија, најпогодената земја во Европа, со 43.230 мртви, ги повикуваат граѓаните да се придржуваат до мерките за социјална дистанца откако десетици илјади луѓе отрчаа на плажите.

Одморалиштето Борнмут извести за голем инцидент во четвртокот кога илјадници се спуштија на нивната плажа на најтоплиот ден од годината.

Полицијата исто така ги критикуваше големиот број навивачи кои се собраа пред стадионот Енфилд откако Ливерпул ја освои титулата англиски прват првпат во 30 години.

„Мислам дека мора да апелираме до луѓето да бидат внимателни“, рече министерот за околина Горг Ејустис.

Во меѓувреме Украина бележи рекорден дневен пораст на новозаболени, а властите предупредуваат на можно враќање на карантинот ако продолжат да ги игнорираат ограничувањата.

Во последните 24 часа во Украина се забележани 1.109 новозаболени со што вкупниот број на заразени во таа земја надмина 41.000/

„Луѓето престанаа да се придружуваат до ограничувањата“, рече премиерот Денис Шмихал.

СЗО предупреди вчера дека 11 земји бележат „значителен пораст на заразени и ако не реагираат, уште еднаш ќе ги турнат своите здравствени системи до самиот раб.

Австралијанците потрчаа по тоалетна хартија

Супермаркетите во Австралија воведоа лимит за купување на тоалетна хартија ширум земјата, откако луѓе во паника потрчаа во продавниците поради порастот на новозаболени во Мелбурн, вториот по големина град во земјата.

„Престанете, тоа е смешно“, рече премиерот Скот Морисон на своите сонародници.

Вели дека досегашниот успех во сузбивањето на заразата не го загрозуваат новите 30 случаи во Мелбурн. Австралија десетти ден по ред бележи двоцифрен број на заболени во градот и во сојузната држава Викторија.

Во раните фази од воведувањето на карантин во многу земји забележано е панично купување на тоалетна хартија и други намирници.

Голем е притисокот за покренување на многу силните економии и ублажувањето на глобалната рецесија од историски размери.

Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард рече денеска дека економијата „веројатно ја помина најниската точка“, но предупреди дека ново нормално ќе изгледа поинаку и дека би „можело да дојде до сериозен втор бран ако ништо не се научи од времето на шпанскиот грио од 1918 до 1919 година“.

Виетнамскиот премиер ги предупреди на југоисточна Азија дека пандемијата „ги поништила“ годинита на економска добивка во регионот кој зависи од туризам и извоз.

Светот во меѓувреме исчекува вакцина, која властите не ја очекуваат пред почетокот на следната година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот