Фото: Општина Аеродром

Реконструкција на спортски и детски игралишта во Аеродром

Активностите за модернизирање на спортската и детската инфраструктура на територијата на општина Аеродром продолжуваат и во текот на оваа есен. Како што информираат од Општината, минатата недела започна, а во првата половина од месец декември се очекува да финализира реконструкцијата на спортскиот терен „Патрик“, кој се наоѓа зад ТЦ „Три Бисери“.

 Градежните активности опфаќаат целосно реконструкција на површина од 1600 квадратни метри, повеќенаменски комплекс кој предвидува изведба на игралиште за фудбал и ракомет на површина од 800 квадратни метри, кошаркарско игралиште од 400 квадратни метри и инклузивно детско катче од 400 квадратни метри – велат од Аеродром.

Од Општината информираат дека преку инвестиции во нови содржини, се грижат секое маало да добие соодветни услови за спорт и рекреација, но и да создадат места во кои ќе се создаваат нови спомени, успеси и спортски таленти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот