Река незадоволен од тишината на Албанија и Косово за неговата кандидатура

Независниот кандидат за претседател на Северна Македонија, Блерим Река, во едно интервју за „Косова Прес“ изјави дека е зачуден од тишината на Албанија и Косово за неговата кандидатура.

Река исто така упати критики и кон ДУИ кој наведе дека тие подржуваат македонски кандидат и дека за Северна Македонија подобро ќе биде да победи албански кандидат одколку македонски кандидат.

Ако народот го избере за претседател, според Река, тоа би било балансирање на политиките во Северна Македонија.

Блерим Река исто така истакна дека е оптимист во однос на добивање на гласовите од симпатизерите на ДУИ и потенцираше дека сака да управува со една држава којашто има републикански поредок, без корупција и без непотизам.

Тој истакна дека државата треба да биде управувана од страна на луѓе „со чисти раце“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот