Регистрирани уште девет жртви на коронаворусот во Иран

Иран денеска информира дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани уште девет нови смртни случаи од коронавирус и 205 нови случаи на заразени.

Со ова бројот на жртвите до овој момент изнесува 43, а на заразени 593.

-Вкупниот број на случаи на заразени сега изнесува 593, а вкупниот број на досега регистрирани смртни случаи е 43, изјави портпаролот на Министерството за здравство Киануш Џаханпур на прес конференцијата пренсесувана директно на телевизија.

-Имаме 205 нови случаи на Ковид-19 само во последните 24 часа- додаде тој, во кои се пресметани и 22-те случаи на новооткриеното жариште во североисточната провинција Голестан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот