Регистриран прв случај на мајмунски сипаници во Црна Гора

Фото: ijzcg.me

Лабораторијата за молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Црна Гора откри, а во соработка со српсккот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ и го потврди првиот случај на мајмунски сипаници во Црна Гора, соопшти ИЈЗ.

„Регистрираниот случај е црногорски државјанин и е во добра општа состојба“, се наведува во соопштението.

Од Институтот соопштија дека се преземени сите неопходни мерки кон заболениот и неговите контакти со цел да се спречување и сузбие ширењето на заразната болест.

И Црна Гора се приклучи на листата од 79 земји каде е регистрирана оваа болест, пренесува РТЦГ.

„Институтот за јавно здравје на Црна Гора апелира до граѓаните да се придржуваат до превентивните хигиенски и епидемиолошки мерки и да ги почитуваат препораките на здравствените установи“, соопштува ИЈЗ.

Се додава дека Институтот за јавно здравје на Црна Гора ќе продолжи да ја следи епидемиолошката состојба и да ја информира јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот