Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ ќе одат на избори: Наша цел е да создадеме нормална држава

Граѓанската платформа Македонски концепт најави подготвеност за учество на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април годинава.

На граѓанскиот собир насловен „Чекор напред!“, одржан денес во Скопје, беше промовиран „Граѓанскиот Манифест“ на Македонски концепт, којшто ги поставува основите и целите на идното политичко дејствување.

– Цврсто демонстрираме подготвеност да одиме на избори! Ќе покажеме дека сме уникатна понуда, многу поразлична од досегашните. Нашиот концепт, нашиот македонски концепт, се нови лица, нова генерација, коишто со посветеност, стручност, издржани и свежи идеи, ќе докажат дека заеднички можеме да создадеме држава во којашто граѓаните се секогаш на прво место и која е економски и политички стабилна. Ќе понудиме нови идеи, нови проекти коишто ги решаваат проблемите, кои ќе пркосат на личните интереси, проекти чија реализација ќе значи ефективно и ефикасно решение, а не политичка импровизација или манипулација. – најави Петар Богојески, промоторот на Македонски концепт.

Тие се заложија дека ќе промовираат нормална држава, фер општество, европеизација, деидеологизација, законитост, правдина, политички дијалог…

– Ние нема да прифатиме да бидеме „трета политичка“ опција. Нашата посветеност е да бидеме прва и единствена опција, бидејќи втората не претставува ништо друго, туку мафија или опција кај која доминираат лични и партиски, а не национални и државни интереси. Нашата цел е да создадеме нормална држава! – рече Богојески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот