Редовна издавачка дејност на македонскиот стрип центар

Со финансиска поддршка на Министерството за култура на Р. С.Македонија, Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го продолжува континуитетот на стрип изданија на македонски јазик. Пред се, треба да се споменат стрип книгите:  ХАВАНА САД од Гани Јакупи од Косово, РЕКВИЈЕМ ОД АВТОРИТЕ Марко Стојановиќ, Марко Николиќ и Дејан Ненадов (Србија) и 1990 -1999 ВИЗУЕЛНА ХРОНИКА НА МАКЕДОНСКИОТ СТРИП од Александар Стеванов од Штип.

Првоспоменатите две книги се македонски изданија на стрип книги, издадени врз основ на богатата интернационална соработка којашто Стрип центарот од Велес ја реализира долги низ години.

Што се однесува до книгата „1990 -1999  ВИЗУЕЛНА ХРОНИКА НА МАКЕДОНСКИОТ СТРИП “, се работи за успешен обид на младиот, но веќе докажан македонски  стрип сценарист и хроничар Александар Стеванов да го афирмира  и систематизира тешко видливиот, но реален континуитет на 9 та уметност во нашата држава. Период којшто е обработуван започнува со осамостојувањето на Р.Македонија и периодот кога во нашата држава веќе не се дистрибуираат изданија на српски јазик.

Освен споменатите стрип книги, од печат излезе и  ревијата  „СТРИП КРЕАТОР “ бр 29 и 30 . Единственото постојано стрип издание кај нас ја продолжува својата уредувачка политика, освен подобрите стрипови од традиционалниот Интернационален стрип салон, заслужен простор добија и македонски автори од разни генерации: Миле Топуз, Александар Стеванов, Тоде Блажевски, Јана Илиевска, Васко Гаврилов, Ана Марија Стеваноска, Јана Бутеска.

Издавачот укажува дека до сега не се издадени планираните стрип книги: Итар Пејо 3 дел од Диме Иванов-Димано и Кирил и Методи од Миле Топуз (двајцата автори се стрип доајени од нашата земја). Причина за тоа се целосно недоволните доделени средства од страна на Министерството за култура, кои не ги покриваат ниту елементарните трошоци за печатење .Доставени се жалби , издавачот се надева , во интерес на развојот на македонската стрип култура, на позитивен одговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот