Редок случај во Хрватска: Близначки се родиле со две минути разлика – едната во старата, а другата во новата година

Фото: Pexels

Дочекот на Новата година во хрватскиот град Сплит го одбележа навистина интересен настан.

Имено, сестри близначки се родиле со две минути разлика – едното девојче се родило една минута пред полноќ, а другото девојче се родило една минута по полноќ. Со тоа, едната близначка е родена во 2023 година, а другата е родена во 2024 година.

„Вечерва навистина имавме една необична ситуација. Две сестри близначи се родија како во песната на Џибони – на полноќ, едната малку порано, а другата малку подоцна. Тоа ќе биде убава ситуација во ова среќно семејство, каде едниот роденден ќе се слави во старата година, а другиот во новата година“, рече Дамир Роје, раководител на Институтот за перинатологија, во изјава за Хрватската радио-телевизија.

Директорката на Клиничко-болничкиот центар во Сплит, Јулија Мештровиќ, ѝ честиташе на мајката и им посака на двете сестри долг и успешен живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот