Редок феномен на небото: Две супермесечини во август кои нема да се повторат до 2037 година

Фото: Пекселс/ Sharath G.

Вљубениците во астрономијата и ѕвездите се подготвуваат за не една, туку две супермесечини во август, кулминирајќи со ретка сина месечина.

Феноменот на супермесечина се случува кога полната месечина е на нејзината најблиска точка до Земјата, што ја прави да изгледа до 14 отсто поголема и 30 отсто посветла во споредба со она кога е најоддалечена.

Луѓето ќе можат да го видат првиот ваков феномен во вторник навечер, на 1 август, кога полната месечина изгрева на југоисток на само 357.530 километри оддалеченост.

Ќе биде уште поблиску во ноќта на 30 август, на растојание од 357.344 км и бидејќи е втора полна месечина во истиот месец, позната е како сина месечина, пренесува „Скај њуз“ (Sky news).

Овие бројки се споредуваат со растојание од околу 405.696 км кога Месечината е на најоддалечената точка од Земјата.

„Топлите летни ноќи се идеално време да се види полната месечина како изгрева на источното небо во рок од неколку минути по зајдисонце, а тоа се случува двапати во август“, рече пензионираниот астрофизичар на НАСА, Фред Еспенак, кој го носи прекарот г-дин Еклипс.

„Луѓето кои користат двогледи или телескопи ќе можат да видат карактеристики како лунарната марија – темните рамнини формирани од древните вулкански текови на лава – и зраците што произлегуваат од лунарните кратери“ рече г-дин Еспенак, под услов небото да биде јасно.

„Се додека нема премногу облаци, полната месечина ќе биде непогрешлива бела топка на небото“, велат од Кралскиот музеј Гринич. „Ова е добра можност да користите мал телескоп или двоглед за да ја видите деталната површина на Месечината, па дури и да се обидете да направите неколку интересни фотографии од Месечината“.

„Сепак, можете совршено да ја видите Месечината само со вашите очи. Гледањето на изгрејсонце веднаш по зајдисонце или зајдисонце непосредно пред изгрејсонце, ќе биде импресивна глетка бидејќи ќе изгледа огромна во споредба со околниот пејзаж“.

Последен пат две полни супермесечини се појавија во ист месец во 2018 година и тоа нема да се повтори до 2037 година.

Според НАСА, покрај супермесечината на небото ќе се појават и Меркур и Марс – кои се видливи само со голо око.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот