Реципрочни мерки: Мадрид ќе протера боливиски дипломати од земјата

Фото: МИА

Во соопштението се наведува дека станува збор за реципрочна реакција по вознемирувањето и заканите упатени за мексинаскиот дипломатски персонал и протерувањето на двајца шпански дипломати и мексиканскиот амбасадор од Ла Паз.

Шпанија ќе протера тројца боливиски службеници, соопштено е денес од шпанското Министерство за надворешни работи, пренесува „Срна“.

Во соопштението се наведува дека станува збор за реципрочна реакција по вознемирувањето и заканите упатени за мексинаскиот дипломатски персонал и протерувањето на двајца шпански дипломати и мексиканскиот амбасадор од Ла Паз.

Мексиканското Министерство за надворешни работи го повика мексиканскиот амбасадор во Боливија, Марија Тереза Меркадо, да се врати во Мексико.

Таа е повикана за да се заштити и осигури нејзината безбедност, откако Владата на Боливија ја прогласи Меркадо за непосакувана личност.

Самопрогласената претседателка на Боливија, Жанин Ањез, ѝ нареди на Меркадо и на шпанските дипломати да ја напуштат земјата во рок од 72 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот