ВИДЕО: Рецепт од нутриционистката Цвета Динева за зголемување на имунитетот во борба против Ковид-19

Нутриционистката Цвета Динева денеска во Утрински брифинг зборуваше за придобивките од здравата храна во борбата против Ковид-19 пандемијата. 

-Иако речиси на сите им е познато дека мора да примат голема доза на витамин Ц, на дневна основа, речиси никој не знае дека ако не е доволно хидриран, тој нема да се врзе со организмот. Водата, свежиот зеленчук и овошјето не се само витамини, туку жива храна која вибрира под микроскоп. Таа енергија е неоходно да ја конзумира секој, секојдневно, за да може да остане имун на коронавирусот. Одличен напиток кој можете да го подготвувате е: 1 лажица Ц витамин во прав, пола лажиче сода бикарбона и малку вода. Откако ќе изврие се става една лажица ленено масло или ладно цедено маслиново масло. Се додава прстофат ѓумбир и куркума во прав. Во чашата се додава сок од исцедени лимон и портокал и уште малку вода. Овој напиток обезбедува 3 грама натриум аскорбат односно Ц витамин во минерална форма, нешто што ни случајно нема да делува негативно на желудникот на тој што ќе го конзумира, вели нутриционистката Цвета Динева. 

Овој сок е доволно да се конзумира три недели и да се напраи пауза од една недела. А, за подобрување на имунитетот задолжително е да се пијат 5 јајца од препелица на ден за возрасните и две јајца за децата.

-Има начин и како да го исчистиме телото и од прекумерното јадење за време на празниците. Мора да има доминација на свежата храна во рамки на денот, доволно вода и витамин Ц добиен од природно цедени сокови, како и каши од свежо овошје. Барем два-три дена да бидеме без месо и без млечни производи, а дозволено е во овој период од годината да се јадат и костени и тиква. Убаво е да се пие чај од кантарион и од нане, а да се не се претерува со чај од магдонос, вели нутриционистката Цвета Динева.

Таа нагласува дека неопходно е да се зголемува присуството на пробиотските бактерии во цревата, а за тоа помагата целулозните влакна кои ги има во зеленчукот, како на пример во целерот и во трупката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот