Рецепт за „Руски капи“ или шубари, како што ги знаеме од детството!

Aleksandar Tomic / Alamy / Alamy / Profimedia

Ова колаче ми е синоним за слава, за одење на гости, за интересен изглед и одличен вкус. Речиси секогаш ги имаше на роденден кај една моја другарка и беа вистинска радост и задоволство за нас децата.

Иако името им асоцира на Русија, рецептот воопшто не е руски, напротив- овие колачи ги прават балканските слаткари, а името е симболично затоа што секое колаче извалкано во кокос и полеано со чоколадо изгледа автентично како руска шубара.

Потребни состојки:

За бисквитно тесто:

  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 100 мл масло
  • 100 мл топла вода
  • 250 гр брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1 лажица какао

За крем:

  • 1 пудинг со вкус на ванила/јагода по избор
  • 350 мл млеко
  • 100 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 200 гр путер
  • 100 гр кокосово брашно

За глазура:

  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 2 лажици масло

Подготовка:

Одвојте ги жолчките од белките, и белките изматете ги со мискер да станат како снег.

Настрана, матете ги жолчките со шеќер додека не станат пенасти и светли. Додајте масло и вода и добро промешајте.

Брашното помешајте го со прашокот за печиво, додајте ја смесата од жолчки со шеќер и мешајте додека да се соедини. Додајте го снегот од белки и добро промешајте.

Вака подготвената смеса поделете ја на два дела, а во едниот дел дојдате го какаото.

руски капи
Руски капи/Printscreen/Youtube

Испечете две теста посебно, во големи плехови, околу 10-20 минути на 180 степени. Додека тестото е уште топло, со малечка округла чаша вадете кругови.

Кремот направете го според упатството за пудингот, заедно со шеќерот, ванилиниот шеќер и путерот. Потоа, секое тркалце тесто премачкајте го обилно со пудинг, поклопете го со второто тркалце тесто со какао и премачкајте го цело колаче со кремот пудинг и извалкајте го од страните со кокосово брашно.

Наредете ги руските капи во чинија и кога ќе се оладат, одозгора премачкајте ги врвовите со глазурата од стопена чоколада со масло.

Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот