Рецепт за похувани шницли во сос од печурки, посебен шмек им дава сланината

Идеите за ручек никогаш не се доволни, па денеска ве предлагаме одличен рецепт, особено за љубителите на месо. Похуваното месо обично се прави од пилешки филеа, но овој рецепт ќе ги одушеви сите. Печеното свинско месо лесно се подготвува и се служи со сос од печурки. А сланината ќе му даде дополнителен шмек на целото јадење. По желба како прилог може да послужите компири или ориз.

Состојки:

– 3 свински котлети

За похување:

– 5 лажици презла
– 1 лажичка лук во прав
– 1 лажичка кромид во прав
– 1 лажичка мајчина душица
– 3 јајца

За сосот:

– 3 лажици путер
– 1 кромид
– 140 г сланина
– 2 чешниња лук
– 300 г печурки
– 1,5 лажици брашно
– 400 мл вода
– 1 лажица сенф
– 2 лажици ворчестер или соја сос
– 1/2 шолја павлака за готвење
– свеж магдонос

Подготовка:

Свинското месо покријте го со хартија за печење, а потоа исчукајте го со чекан за месо. Зачинете со сол и бибер од двете страни.

Во еден сад изматете јајца, во друг сад сипете брашно, а во трет сад измешајте презла со кромид и лук во прав, како и мајчина душица. Добро промешајте. Месото извалкајте го во брашно, па во јајца, па во презла и испржете го.

Во тавa растопете го путерот, а потоа пропржете ги сечканиот кромид и сланината. Кога кромидот ќе омекне, додадете го и мелениот лук. Промешајте, па додајте ги сечканите печурки и пржете уште неколку минути, па додадете го брашното и промешајте. По една минута сипете вода и измешајте, па додајте сенф и соја сос. Посолете и зачинете, па промешајте и кога ќе почне да врие, сипете ја и павлаката за готвење. Гответе уште неколку минути за убаво да се соединат состојките, па посипете со свежо сечканиот магдонос. Послужете го сосот со месото.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот