Рецепт за плескавици од леб: Необичен оброк што ќе ви стане омилен

Фото: Wikimedia Commons

Во Македонија лебот е намирница што често се консумира и најчесто се јаде за појадок или за вечера. Домаќинките смислиле рецепти за користење бајат леб, како што се пржени лепчиња или попара. Доколку немате свеж леб, а не можете да замислите оброк без него, ви носиме одличен рецепт. Направете плескавици од леб и сирење кои дефинитивно на сите ќе им се допаднат.

Состојки:

– 1 пакување тост леб
– 350 мл млеко
– 400 г фета- сирење
– 20 г сусам или семки
– 5 јајца

Подготовка:

Издробете го тост лебот, па прелијте го со млеко. Оставете да отстои неколку минути, а потоа со виљушка издробете го. Треба да добиете густа смеса.

Потоа, во смесата додадете ги изматените јајца, издробеното сирење, како и сусамот или семките и зачинете по ваш вкус. Сè убаво соединете.

Со лажица вадете од смесата и пржете во загреана тава со малку масло. Плескавиците од леб ќе бидат готови кога ќе добијат убава златна боја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот