Рецепт за макарони на грчки начин

Фото: Профимедиа

Тестенините спаѓаат во омилен вид на храна за повеќето луѓе. Со месо, без месо, со зеленчук, сирење, разни сосови и преливи, но секогаш се добредојдени на трпезата. Воедно, брзо се подготвуваат, а изборот на можности со кои состојки ќе ги направите е неограничен.

Ви претставуваме еден од интересните начини за подготовка на тестенини. Овој рецепт ни доаѓа од Грција, а состојките најчесто ги имате дома. Макарони на грчки начин.

Состојки:

– 300 грама макарони
– 200 грама фета сирење
– 100 грама зелени маслинки
– 200 милилитри бело вино
– 200 милилитри супа
– 2 главици кромид
– 3 млади кромидчиња
– 4 домати
– 2 лажици масло за јадење
– сол и бибер

Подготовка:

Сварете ги макароните. Во меѓувреме исчистете го кромидот и исечкајте го на коцки. Младиот кромид исечете го на тркалца. Доматите попарете ги со топла вода, за да може полесно да ги излупите. Исечкајте ги и нив. Загрејте го маслото и додадете го кромидот. Кога ќе се запржи, додадете го младиот кромид, супата, виното и оставете на кратко да се динста. Потоа додадете ги макароните и доматите и зачинете по желба. Додадете го и фета сирењето, и сѐ заедно да се пропржи.

На крајот ставете ги и маслинките исечени на парчиња. Послужете додека јадењето е топло. Вкусното јадење може да го украсите со ливчиња босилек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот