Рецепт за лесна пита од спанаќ, фета сирење, грашок и пченка

Foto: Profimedia

Лесна пита од фета, спанаќ, грашок и пченка покриена со лиснато тесто. Се подготвува за само 15 минути и е одличен избор за ручеци и за ужина без месо, доколку некој не е љубител на месните јадења.

Комбинацијата на состојките е необична, но вкусот е неповторлив!

Состојки:

– 130 г замрзнат спанаќ, па одмрзнат
– 150 г замрзнат грашок, па одмрзнат
– 50 г замрзната пченка, па одмрзната
– 3 средни јајца, изматени
– 200 г фета сирење, крупно издробено
– мал сноп нане, грубо исечкан
– рендана кора и сок од 1 лимон
– 7 листови лиснато тесто
– маслиново масло за четкање
– 2 лажици сусам

Подготовка:

За лесна пита со спанаќ и фета сирење, загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Исцедете го спанаќот за да се отстрани што повеќе влага, а потоа ставете го во поголем сад со грашокот, пченката, јајцата, фетата и нането. Зачинете со црн пипер и со малку сол, додајте ја кората од лимон и сокот, па добро измешајте.

На дното од тепсијата ставете лист тесто, намачкајте со маслиново масло, па додајте ги преостанатите листови лиснато тесто, премачкајте ги со масло и распоредете ги така што тавата да биде рамномерно покриена.

Со лажица ставете ги спанаќот, фета, грашокот и пченката во тепсијата, а потоа лиснатото тесто преклопете го врз филот и истуткајте ја површината на тестото. Намачкајте со маслиново масло и посипете со сусам.

Гответе на шпорет, на средно висока топлина, 5 минути за да се загрее основата на питата, а потоа печете во рерна 20-25 минути додека не порумени и не стане цврста на допир. Ако горниот дел премногу брзо порумени, покријте го со фолија. Извадете ја питата и оставете ја да се излади. Уживајте во лесната пита со спанаќ, фета, грашок и пченка!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот