Рецепт за колачи со плазма облеани со чоколадо: Фантастичен десерт без печење

Фото: Printscreen / Youtube / Quick Simple & Delicious

Ситни колачи со плазма се прават во форма на чоколадни стапчиња, комбинацијата на бисквити и чоколадо е неодолива, а вкусот е добро познат.

Чоколадни колачиња од плазма се прават брзо, а рецептот е едноставен. Тие се одличен избор за секоја пригода и секој ден. Кога сакате нешто слатко, а не сакате да јадете обична чоколада, ова е вистинскиот десерт, кој лесно се прави.

Состојки:

– 200 грама мелени бисквити
– 200 грама путер од кикирики
– 100 грама темно чоколадо

Подготовка:

За колачите со плазма „извалкана“ во чоколадо, прво извадете ги сите потребни состојки, бисквитите, чоколадото и путерот од кикиритки.

Добро измешајте ги сите состојки – мелените бисквити, чоколадото и путерот од кикиритки, за да добиете маса слична на тесто. Потоа, виткајте ги во цилиндрични ролни. Покријте ги со проѕирна фолија и ставете ги во замрзнувач 5 минути.

Чоколадото растопете го, изладените ролничките потопете ги во чоколадото и наредете ги на хартија за печење. Ставете ги во фрижидер да се стегнат околу 5 минути.

Остатокот од чоколадото сипете го во ќесе за шлаг, а потоа исечете го горниот дел и украсете ги колачињата. Ако немате ќесе за шлаг, украсете ги по желба. Уживајте во чоколадните плазма колачите!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот