Рецепт за домашна супа од домати, се подготвува брзо и е многу здрава

Фото: Bildquelle/CCNULL

Супата од домати е една од омилените на многу луѓе. Добрa е од повеќе причини – ако сакате да изгубите вишок килограми, бидејќи ја содржи состојката ликопен, која го намалува нивото на маснотии во нашето тело.

Исто така, прави да се чувствуваме сити подолго, а најдобро од сè е тоа што доматите го намалуваат ризикот за кардиоваскуларни заболувања.

Состојки:

– литар вода
– половина литар варени домати
– 1 лажица брашно
– 1 лажица шеќер
– 1 лажица масло
– малку свеж магдонос
– една пиперка
– една мала лажица сув зачин
– посни нудли

Подготовка:

Во маслото прво пропржете го брашното, додека убаво не порумени.

Потоа прелијте го со вода и со смесата од варените домати, а потоа додајте ја ситно сечканата пиперка.

Сето тоа оставете да зоврие, па додајте ги зачините и малку промешајте. На крајот, додајте ги нудлите, а количината приспособете ја по вкус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот