Реал само од резултатите во Лигата на шампионите заработи 125 милиони евра

„Кралскиот“ клуб со навивачите ја прославија титулата во ЛШ/Мадрид, Шпанија/29 мај 2022/Фото: EPA-EFE/FERNANDO VILLAR

Можеби и натаму се шпекулира дека Реал Мадрид сака да формира т.н. богата „Суперлига“, и да не биде повеќе под капата на УЕФА, сигурно нема да ја одбие паричната заработка што ја оствари оваа сезона само од резултатите во Лигата на шампионите.

Реал со освојувањето на трофејот стана клубот кој сезонава заработи најмногу во натпреварувањето, а во конечна сума ќе биде побогат за нешто повеќе од 125 милиони евра.

„Кралевите“ прво инкасираа 15.640.000 евра само за пласманот во групната фаза во ЛШ. Потоа остварија девет победи во текот на целото натпреварување (пет во групата и четири во елиминациите), а бидејќи УЕФА дава по 2.800.000 за секој триумф, тоа значи дека Реал само по таа основа заработил 25.200.000 евра.

Потоа, од европската куќа на фудбалот го наградуваат секој пласман понатаму, Реал освои 9.600.000 за осминафиналето, 10.600.000 за четвртфиналето, 12.500.000 за полуфиналето и 15.500.000 евра за финалето.

На крајот, УЕФА има 600 милиони евра кои им ги дели на клубовите според јачината на коефициентот. Реал и овде е најјак во Европа, па само по таа основа сезонава доби 36.400.000 евра.

Каква доминација, шпанските екипи немаат пораз во европските финалиња од 2001 година

Перез: Мбапе е веќе заборавен, ја славиме одличната сезона на Реал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот