Каква доминација, шпанските екипи немаат пораз во европските финалиња од 2001 година

Реал Мадрид по 14 пат е европски шампион/ фото : EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Шпанските екипи со вечерашната победа на Реал Мадрид во Лигата на шампионите го вратија приматот во европскиот фудбал и притоа имаат неверојатна статистика.

Имено, шпанските екипи овој милениум, од 2001 година па досега, немаат пораз во финалните натпревари во европските клупски натпреварувања. Тие имаат неверојатен учинок, 21 победа во 21 натпревар.

Во четири наврати, во финалињата играле две шпански екипи меѓу себе и доколку не се сметаат тие натпревари, Шпанците против остатокот од Европа имаат 17 победи во 17 натпревари.

Во Лигата на шампионите, шпанските екипи имаат 10 титули, шест пати Реал Мадрид беше европски шампион (2002,2014,2016,2017,2018,2022) додека Барселона има четири триумфи (2006,2009,2011,2015).

Во Лигата на Европа, шпанските екипи имаат 11 титули, а екипи кои го кревале шампионскиот пехар се Валенсија (2004), Севила (2006,2007, 2014,2015, 2016, 2020), Атлетико Мадрид (2010, 2012,2018) и Виљареал (2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот