Реал идното лето носи бесплатно четири фудбалски ѕвезди и прави нов дрим-тим

Доколку некој успее да направи такво нешто, да донесе три фудбалски ѕвезди бесплатно, тоа е Флорентино Перез/ фото: EPA-EFE/ANGEL DIAZ

Реал Мадрид не успеа изминатото лето да го ангажира Килијан Мбапе од ПСЖ, но претседателот Флорентино Перез подготвува вистински трансфер земјотрес за идното лето кога планира да донесе дури четири фудбалски ѕвезди и тоа бесплатно.

Антонио Ридигер никако не може да се договори со Челси за продолжување на соработката, последната понуда која „сините“ му ја доставија изнесува осум милиони евра годишно, но германскиот репрезентативец ја одби оваа понуда и од први 1 јануари ќе може да преговара со заинтересираните екипи и со тоа се отвора можност за Перез.

Токму Реал Мадрид е главен фаворит за потписот со Ридигер, Перез смета дека тој би бил одличен партнер со Давид Алаба во срцето на одбраната и би бил идеална замена за Серхио Рамос.

Следните две мети се добро познати, Килијан Мбапе и фудбалерот на Манчестер јунајтед.
И на двајцата фудбалери договорот им истекува на крајот од сезоната, а тие не ја кријат желбата следна станица во кариерата да им биде токму Реал Мадрид.

Последната желба на Перез и актуелниот фудбалер на Милан, Френк Кеси кој исто така има договор до крајот на сезоната. Желбата на Перез е да го подмлади средниот ред на Реал Мадрид, а според него и тренерот Карло Анчелоти, токму Кеси е идеален наследник на Лука Модриќ.

За овие четири фудбалери Перез доколку успее да ги донесе, нема да потроши ниту едно евро, но ќе мора да направи простор во буџетот за плати.
Тоа ќе го стори така што нема да им ги продолжи договорите на Иско, Марсело, Лука Модриќ и Герет Бејл кои на крајот од сезоната ќе си заминат и со тоа ќе ослобат околу 50 милиони евра нето во буџетот за плати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот