Разрешена драмата во Радовиш: За рекет-елката општината требала да плати 7.000 евра

Елката во саботата / Фото: Твитер, @UcitelkataMila

Нема да дозволиме некој да нè уценува и рекетира. Елката никој не ја украл. Фирмата што ја стави и украси елката, сама и си ја собра новогодишната елка,“ изјави за ММС, градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов, по објавените информации во медиумите дека елката исчезнала, дека некој ја украл, но и дека фирмата си ја собрала бидејќи не била платена фактурата од страна на Општината.

Градоначалникот на Радовиш објаснувајќи за елката и фирмата која украсувала, која што не сакаше да ја именува, вели дека со години наназад поставувала елка и го украсувала градот.  Како што објасува градоначалникот фирмата така направила и оваа година, меѓутоа тоа го направила без пред тоа да склучи било каков договор со општината. Откако било направено украсувањето, фирмата од општината побарала 7000 евра за елката и украсите, со тоа што тие не стануваат во трајна сопственост, туку само се изнајмуваат.

Почнаа и притисоците и уцените од фирмата дека доколку не се плати, ќе си ја соберат елката. Јас не сакам никој да ме уценува за нешто што не сме го побарале. Едноставно не сакав да продолжи оваа коруптивна шема, што била разработена во годините наназад. Реков дека нема да платиме и тие во саботата си ја собраа елката – посочи градоначалникот Ристов за ММС.

ФОТО: Радовишани не знаат каде им е елката, општината смирува ќе најде нова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот