Расте бројот на идентификувани жртви на трговија со луѓе во Европа

Четворица од осомничените заедно, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејства што претставуваат повеќекратно остварување на кривичното дело Трговија со луѓе,

Бројот на луѓе кои се идентификуваат како жртви на трговија во Европа е зголемен за речиси половина меѓу 2015 и 2018 година, соопшти Советот на Европа.

Најмногу идентификувани жртви на трговија со луѓе во 2018 година пријавила Велика Британија (6.993), а потоа следат Франција (2.819), Италија (1.373), Холандија (668), Романија (497) и Бугарија (443).

Според последниот извештај на група експерти на Советот на Европа за борба против трговија со луѓе (ГРЕТА), во 47 европски земји во 2018 година се идентификувани 15.310 жртви на трговија со луѓе во однос на 10.598 случаи во 2015 година, што претставува зголемување од 44 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот