Распнат коњ се превезува по скопските улици (ФОТО) 

Итно бараат МВР, АХВ да реагираат и најстрого го казнат лицето кое го вози возилото со регистрација број SK- 856 – VF, кое среде бел ден и во екот на сообраќајниот метеж во главниот град превезува обесен коњ!

До редакцијата на „Слободен печат“ пристигна допис од невладината организација „Анима Мунди“.
-Толку отчовечени што ни ваков ужас на улица веќе не ни значи ништо. Ова е лицето на Скопје и Македонија кое треба цел свет да го види и по кој треба да не препознае! Ваков е третманот на животните кај нас!- пишуваат од граѓанската организација.
Итно бараат МВР, АХВ да реагираат и најстрого го казнат лицето кое го вози возилото сo кое среде бел ден и во екот на сообраќајниот метеж во главниот град превезува обесен коњ!
Ако ова помине неказнето, велат оттаму, сите ние сме примитивци без грам свест, осет, срам!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот