Фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Раскин: Ова беше фрустрирачки меч, имавме многу шанси, недостасуваше гол

Белгиската фудбалска репрезентација и пред мечот во Гент беше голем фаворит против Македонија и со сите сили се обидуваше да дојде до триумф за да биде во „пол-позиција“ пред завршницата од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Избраниците на селекторот Руди Гарсија имаа голем број на шанси, но не искористија ниту една и на крајот дојде само до бод против храбрата Македонија.

Белгијците сега се свесни дека уште еден неповолен резултат во следните квалификациски мечеви ќе значи чекор назад во борбата за првото место во квалификациската група што води директно на Мундијалот.

Белгија својот следен меч ќе го има во понеделник на гости против селекцијата на Велс.

– Создадовме многу шанси. Единственото нешто што недостасуваше беше гол. Вечерва беше фрустрирачки натпревар. Во Велс, едноставно мора да победиме. Да се ​​фокусираме на тоа – рече белгискиот репрезентативец Николас Раскин за УЕФА.

Амаду Онана, по мечот истакна дека Белгија навистина заслужи да дојде до победа:

– Направивме сè вечерва за да победиме. Фрустрирачки е што не постигнавме гол. Бевме солидни и создадовме многу шанси. Тоа е она што треба да го направите за да победите. Не можеме да се обвинуваме себеси. Жално е, бидејќи навистина заслуживме да победиме – вели Онана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот