Раперот Коста почина само неколку часа откако колабирал среде концерт

Фото: Инстаграм

Јужноафриканскиот рапер Коста Тич ненадејно починал викендов, објави неговото семејство на Инстаграм. Смртта следела неколку часа по неговиот настап на музичкиот фестивал. Музичарот, чие вистинско име е Константинос Цобаноглу, имаше 28 години. Не е наведена причина за смртта.

„Смртта трагично ни тропна на врата, ни го одзеде нашиот сакан син, брат и внук. Со длабока болка мораме да ја објавиме неговата смрт. Како семејство се соочуваме со тежок период додека се обидуваме да разбереме што се случило и бараме време и простор да се собереме. Благодарни сме на сите служби за итна помош и на сите што беа присутни во неговите последни часови“, објавило неговото семејство.


Раперот колабирал во текот на настапот на фестивалот „Ултра Јужна Африка“ во Јоханесбург. На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа дека Коста паднал на бината и некој, кој стоел до него, го крева. Откако станал, поминале неколку секунди и раперот повторно колабирал.

Организаторите на фестивалот велат дека се уништени од смртта на младиот рапер. Велат дека бил талентиран рапер, пејач, танчар, текстописец и голем пријател на фестивалот.


Коста беше сензација во подем во Јужна Африка. Тој е роден во Нелспруит, на северо-источниот дел на Јужна Африка, и веќе имал успешна танцова кариера пред да стане рапер. Песната на „Big Flexa“ го направи ѕвезда низ Африка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот