Рангник го избра својот наследник во Јунајтед, доаѓа творецот на чудото од Лисабон

Рубен Аморим ќе биде идниот менаџер на Манчестер јунајтед/ фото: EPA-EFE/MANUEL FERNANDO ARAUJO

Управата на Манчестер јунајтед во консултација со привремениот менаџер Ралф Рангник, го избраа тренерот кој од идната сезона ќе седи на клупата на „црвените ѓаволи“. Станува збор за Рубен Аморим, тренерот на Спортинг Лисабон, пишуваат португалските медиуми.

Аморим е најзаслужен за препородот на Спортинг Лисабон кој минатата сезона ја освои шампионската титула во португалскиот шампионат, а оваа сезона по пауза од речиси две децении обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Аморим во март 2020 година седна на клупата на Спортинг кој за него плати 10 милиони евра отштета на Брага, која претходно ја водеше само 13 натпревари. Токму овие натпревари беа единствено прволигашко искуство за Аморим, но во тој период успеа да ги победи и Бенфика и Порто, што беше сигнал за Спортинг да го донесе на клупата.

Рангник за ангажманот на Аморим разговарал со Португалците во Јунајтед, Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш, од кои добил пофални зборови, пренесуваат португалските медиуми.

Ралф Рангник ќе седи на клупата на Јунајтед до крајот на сезоната, по што ќе ја презеде улогата на спортски директор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот