Рамадани: Ако Американците ја преземат улогата, оптимист сум дека Бугарија ќе се откаже од своите апсурдни барања

исмет рамадани
Исмет Рамадани, поранешен пратеник

Кога станува збор за притисок за решавање на проблем на Балканот, без разлика кои земји се во ЕУ, а кои не, оваа работа најдобро ја прават Соединетите Американски Држави (САД), смета Исмет Рамадани претседател на Евроатлантскиот совет.

– Ова го докажува и искуството од поновата историја, како што е проблемот со Косово, конфликтот во Македонија итн. Американците се поефикасни во оваа дипломатија, понекогаш мора да се изврши притисок. Американската администрација на Бајден сега е стабилна во однос на персоналот. Изјавите на Габриел Ескобар како претставник на САД за овој регион започнаа, значи дека започна најголемиот интерес на Американците да се реши проблемот со Бугарија. Од друга страна, во ЕУ оваа работа не е практична бидејќи сепак е унија на земји кои имаат различни пристапи и односи меѓу секоја земја посебно. Ако Американците ја преземат улогата, оптимист сум дека наскоро ќе ја убедат, да не речам дека ќе ја принудат со малку поефикасна дипломатија Бугарија да се откаже од своите апсурдни барања (идентитет и јазик) – изјави за „Слободен печат“, Исмет Рамадани, преседател на Евроатлантскиот совет.

Надежта во Брисел е дека самитот во Брдо кај Крањ во Словенија на 6 октомври ќе овозможи напредок, брифират дипломати на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот