Рама за отстранувањето на барикадите во Косово: Ништо ново, шоуто траеше подолго, крајот беше ист

Еди Рама/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше по отстранувањето на барикадите на северот на Косово поставени од српска страна.

Шефот на албанската Влада на Твитер поставувањето барикадите го опиша како „шоу” што траело подолго, но имало ист крај како и другите.

„Ништо ново, шоуто траеше малку подолго, тензијата се крена малку погоре, зборовите се разменија со малку повеќе оган, воените маневри имаа малку повеќе талент, но крајот беше ист и сите се вратија дома, секој со сопствената победа, како и секогаш. Ах да, се случи нешто нечуено! Излезе новото значење на барикадата, која по 434 години влезе во листата на средства за мирни протести со благослов на ЕУ и САД! Се надеваме дека нашите стратешки сојузници не се согласуваат по оваа точка. Апсолутно, напиша Рама на Твитер.

Според него прашањето останало исто како и пред „овие мирни барикади и непријателски изјави”.

„И до кога различните одговори почнуваат на ист начин како во минатото, прашањето ќе остане таму и по следната претстава, кога барикадите мирно ќе ја разбијат монотонијата без решение, заклучува Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот