Рама за емиграцијата на Албанците: Влеговме во време на војна за човечко месо

Еди Рама/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Премиерот Еди Рама на средба со граѓани во пристанишниот град Драч ја коментираше и емиграцијата на Албанците , притоа наведувајќи дека “денеска Албанија не е во услови да им каже на Албанците кои веќе живеат во странство да се вратат назад”.

„Влеговме во време на војна за човечко месо. Развиените земји ќе дадат се од себе за да привлечат што повеќе луѓе. Затоа, не само што не смееме да изгубиме повеќе работници, туку мора да ги вратиме и оние што избегаа. Но, денес не сме во фаза да им кажеме на Албанците кои се во странство, вратете се затоа што вреди“, изјави Рама.

Според него ” приказната дека сите сакаат да работат во државата има аспект на неинформираност, или да земаат добра плата, дури и во канцеларија да играат карти на компјутер и излегувам да пијам кафе”.

Тој ги повика претприемачите да се приклучат на иницијативата на Владата за зголемување на платите, како “важен чекор за задржување на човечкиот капитал во Албанија”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот