Рама се пофали: „Луј Витон“ продава чанти со албанско знаме, а „Франк Мулер” часовници со ликот на Скендербег

Рама се пофали: „Луј Витон“ продава чанти со албанско знаме, а „Франк Мулер” часовници со ликот на Скендербег

Еден од најпопуларните луксузни брендови „Луј Витон“ пуштил во продажба чанти на кои стои албанското национално знаме. Ваква информација на својот официјален фејсбук-профил сподели албанскиот премиер Еди Рама, а потоа ја пренесоа и сите медиуми во државата.

– Нова чанта на „Луј Витон“ со најубавото знаме во светот, напиша Рама. Чантата која има типичен дизајн на „Луј Витон”, со албанското знаме чини 9.900 долари.

Рама синоќа на социјалните мрежи објави и дека еден од најпознатите производители на часовници во светот „Франк Мулер“ од Швајцарија пуштил во продажба специјален модел на луксузен часовник изработен од челик и црн титаниум, со ликот на Ѓерѓ Кастриот Скендербег.

Знае ли Рама дека чантата на Луј Витон е стара 5 години?

Парискиот дизајнер Џеј Ахр во 2018. година дизајнираше унисекс винтиџ чанти во соработка со Луј Витон, кои беа достапни на луксузниот сајт за е-трговија Farfetch, дизајнирани во неговиот препознатлив вез. Секоја чанта од колекцијата беше рачно извезена со различни меѓународни знамиња, од Саудиска Арабија и Уругвај, до Јужна Африка и Јапонија. Застапена беше дури и Северна Кореја.

Погледнете ги останатите дизајни:

Аргентина / Фото: Farefetch
Казахстан / Фото: Farefetch
Макау / Фото: Farefetch
Северна Кореја / Фото: Farefetch

 

Јамајка / Фото: Farefetch
Бразил / Фото: Farefetch
Грција / Фото: Farefetch
Јапонија / Фото: Farefetch

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот