Рама: Потребен ни е претседател како Пендаровски

Албанскиот премиер Еди Рама на изборен митинг во Пустец рече дека неговиот добар пријател, претседателот на Македонија, Стево Пендароски, е целосна спротивност од неговиот албански колега Илир Мета.

– Мојот добар пријател, претседателот на Северна Македонја, Пендаровски, е дел од напорите на народот, државата, владата за да ги убедат земјите членки, Советот на Европа дека треба да се отворат преговорите.Тој е претседател со кој треба да се гордееш. Претседателот на Албанија е дел од напорите за спротивното. Тој е дел од напорите до крај да се создаде сомневање дека Албанија не заслужува отворање преговори. Со неговото однесување, неговиот пристап, бруталноста и неодговорноста со кои тој го толкува Уставот и скандалозната интервенција во изборниот процес тој е во целосна функција на план смислен на опозицијата. Тој е претседателот кој не тера да се чувствуваме засрамено – рече Рама.

Се задржа и на неговата вчерашна реакција во врска со изјавата на Пендаровски и кажа дека размениле мислења и оти се „разјасниле во врска со изјавата”.

– Албанија е во еден исторски миг, исто како и Северна Македонија, двете земји очекуваме да почнеме преговори, но, за жал, за разлика од Северна Македонија, Албанија е во внатрешни напори за спасување од стапицата што е поставена од луѓе кои имаат за цел да ги попречат и да ги отфрлат преговорите за членство во ЕУ. Ова е несреќа, истакна Рама.

Претставувајќи го кандидатот на Социјалистичката партија, Пали Колевски, за градоначалник на Пустец, тој ги пофали Македонците дека се чесни граѓани кои ја почитуваат државата и законот.

– Кандидатот Колевски е од вашата заедница. Тој е најдоброто решение. Кога станува збор за малцинствата, не станува збор за број. Северна Македонија е близок пријател на Албанија. Нашите две земји меѓусебно се почитуваат, порача Рама повикувајќи ги жителите на Пустец масовно да излезат на изборите на 30 јуни и да гласаат за Колевски.

Колевски, родум е од Пустец, со семејството живее во Корча и е вработен во Царинската управа на Албанија.

Негов против кандидат е актуелниот градоначалник Едмонд Темелко од Македонска алијанса за европска интеграција, кој ќе се обиде по четврти пат да ја дибие довербата на жителите од оваа општина.

Општина Пустец ја сочинуваат девет села населени со Македонци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот