Ракометарките на Чаир пред елиминација од Европскиот куп

фото: facebook/WHC ÇAIR

Во првиот натпревар од второто коло во Европскиот куп во женска конкуренција, ракометниот клуб Чаир денеска на домашен терен во салата „Автокоманда“ загуби убедливо од Венло со 26:39.

Минатата сезона ракометарките на Чаир остварија голем успех стигнувајќи до третата рунда, а сега се пред елиминација од натпреварувањето.

На денешниот дуел за македонскиот претставник најефикасни со по шестголови беа Дукоска и Николовска.

За холандската екипа 11 погодоци беа дело на Круијсвијк, седум имаше Грумел, а шест Флипсен.

Реванш средбата меѓу Венко и Чаир ќе се игра за седум дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот