Ракетен напад на Кабул, загинаа најмалку пет лица

Кабул за време на немирите/ Фото ЕПА

 Најмалку пет лица загинаа во ракетен напад утрово во главниот град на Авганистан, Кабул.

Во извештајот на локалниот канал 1ТВ се наведени информации од авганистанското Министерство за здравство за 21 рането лице.

1 ТВ наведува дека биле истрелани 14 ракети кон Кабул, во повеќе градски области, објави ТАСС.

Информацијата за утринскиот напад ја потврди и агенцијата Паџвок, но во нивниот извештај се вели дека „најмалку 10 ракети” биле испукани кон авганистанскиот главен град утрово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот