Рајан: Некои мислат дека најлошото помина, но тоа не е точно

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика сите земја со олабавување на епидемиолошките мерки да не ги гаснат надежите што ги донесе вакцината, додека коронавирусот и натаму беснее низ многу земји.

Ова предупредување доаѓа во време кога програмата Ковакс, воспоставена за поправедна дистрибуција на вакцини против Ковид-19, неделава конечно го имаше почетокот на кампањата за вакцинација во земјите кои досега ја немаа.

– Ова е напредок што влева надеж, но бројот на дози дистрибуирани преку Ковакс е  релативно мал – изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејсус.

Мајкл Рајан, шеф на програмата за итни операции на СЗО, предупреди дека уште не е време да се релаксираме.

– Јас сум навистина загрижен затоа што некои луѓе мислат дека најлошото е минато. Тоа не е точно – рече тој на прес-конференција во Жeнева.

„Ако не бидеме внимателни, можни се трет и четврт бран”, предупреди тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот