Раиси: Иран сака реформи!

Народот на Иран сака реформи, борба против корупцијата и повисок животен стандард, а нивните желби ќе бидат исполнети за време на мојот мандат, изјави новоизбраниот ирански претседател Ебрахим Раиси на својата прва прес-конференција по гласањето.

– Тоа се главните задачи пред нас. Покрај борбата против корупцијата, сиромаштијата и дискриминацијата, наш приоритет е да создадеме праведно општество. Затоа ги повикувам претставниците на властите на сите нивоа да започнат активна работа за спроведување на овие задачи, додаде тој.

Раиси победи на претседателските избори на 18 јуни 2021 година со повеќе од 60 проценти од гласовите. Главните противници на конзервативецот го признаа поразот.

Претседателот на Иран има мандат од четири години. Неговите функции се репрезентативни/церемонијални.

Де факто шеф на државата е врховниот лидер на Иран, кој има широки овластувања и во верската и во секуларната власт. Таа функција е доживотна. Со Иран управува Ајатолахот Али Хамнеи од 1989 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот