Раиконен позитивен на коронавирус, се враќа легендарниот Кубица

Роберт Кубица (36) доживеа страшна несреќа на рели во 2011 година/Фото: EPA-EFE/Lukasz Gagulski

Финецот Кими Раиконен (41), инаку возач на Формула 1 екипата „Алфа Ромео“, нема да се натпреварува викендов на Големата награда на Холандија, што се вози на патеката Зандворт.

Иако Ф1 сезоната е во тек, Кими пред неколку дена објави крај на својата голема возачка кариера и им се заблагодари на сите што беа дел од неа.

Имено, неговиот тим официјално објави дека Раиконен е позитивен на коронавирусот и исто така изјави дека Финецот нема зголемени симптоми и дека се чувствува добро.

– Рајконен веднаш беше сместен во изолација, во хотел. Целиот тим му посакува побрзо и поуспешно закрепнување – додаваат од тимот на „Алфа Ромео Рејсинг“.

Во болидот „Алфа Ромео“ Раиконен ќе биде заменет од оолскиот возач Роберт Кубица (36) доживеа страшна несреќа на рели во 2011 година, поради што му беше ампутиран дел од десната рака, но со голема волја, по долга рехабилитација, се врати на трките.

Тогаш му настрада десната рака, имаше вкупно 18 операции и се мислеше дека кариерата во Ф1 е завршена. Во стравична несреќа, тој ја загуби контролата над „Шкода Фабиа“, излета од патеката и удри во заштитната ограда која го проби целиот кокпит на автомобилот. Првата операција траела дури седум часа, а лекарите морале да му ампутираат дел од десната рака.

Само една година по таа тешка повреда, тој доживеа уште една прилично бизарна – се лизна на мразот пред неговата куќа во Италија и ја скрши десната нога – истата онаа што загина во несреќата и тоа дополнително го забави неговото враќање.

По големата борба за живот, Кубица се врати на трките благодарение на упорноста и волјата, а сега има можност да се докаже во болидот на „Алфа Ромео“ во борбата за ГН на Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот