
Рафаел Надал ја спушта топката: Не очекувам ништо од себе, тоа е вистината
Според Надал, постои многу голема можност работите да тргнат наопаку при неовиот камбек по долгата пауза
Откако минатата недела официјално го објави своето враќање, Рафаел Надал сега во изјавите како да презема мерки на претпазливост, за да не ги разочара своите фанови, што е изненадувачки кога се знае темпераментот на овој тенисер.
Препорачано
– Не очекувам ништо од себе, тоа е вистината. Се надевам дека имам способност да не го барам од себе она што го барав во текот на мојата кариера. Мислам дека сум во друг момент, во друга ситуација, се движам низ „непозната земја“ – вели Надал.
Рафа употребуваше силни зборови пласирани низ социјалните мрежи кога го објави неговото враќање. Но, се чини дека шпанскиот играч е принуден да го промени начинот на расудување.
– Променив сè што отсекогаш сум правел во текот на мојот живот, а тоа е да барам најмногу од себе. Денес, она на што навистина се надевам е да можам да не го повторам тоа, да не барам најмногу од себе, да прифатам дека работите ќе бидат многу тешки на почетокот и да си го дадам потребното време и да можам да си простам самиот себеси ако работите тргнат наопаку на почетокот, што е многу голема можност – вели Надал.
Рафаел Надал, по 347 дена пауза откако претрпе пораз во второто коло од Австралија опен 2023 ќе се врати на теренот и ќе заигра на официјален натпревар на турнирот во Бризбејн, а потоа и на Австралија опен на почетокот на новата година.