Рафаел Надал го потврди учеството на престижниот „Лајвер Куп“

Фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал ќе игра за „Тим Европа“ на „Лајвер Купот“ кој ќе се одржи од 20. до 22. септември во Берлин, соопштија денес организаторите на натпреварувањето.

Надал на турнирот ќе игра во тим со неговиот сонародник, Карлос Алкараз, Данил Медведев и Александар Зверев, а ќе ги води Бјорн Борг.

Надал е среќен што ќе има прилика по четврти пат во кариерата да настапи на овој турнир. Шпанецот веќе најави дека ја игра последната сезона кариерата и поради тоа ќе се обиде да настапи на колку што е можно повеќе турнири.

„Многу сум среќен што ќе играм за „Тим Европа“ во Берлин. Имам некои навистина посебни спомени на Лајвер купот, вклучувајќи ги и емоциите од Лондон пред две години кога последен пат играв со Рожер Федерер. Во оваа фаза од мојата кариера сакам да ги искористам сите прилики и да помогнам на Тим Европа да го освои Лајвер Купот“, изјави Надал.

На спротивната во „Тим Свет“ ќе играат Алекс Де Минор и Американците, Тејлор Фриц и Томи Пол, а ќе ги предводи Џон Мекинро.

Рафа Надал: „Ролан Гарос“ ќе биде момент да се обидам да дадам сè од себе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот