Рафа Надал: „Ролан Гарос“ ќе биде момент да се обидам да дадам сè од себе

Рафаел Надал/фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

По поразот од Алекс де Минор, шпанскиот тенисер Рафаел Надал е песимист дека повторно во иднина би играл во Барселона.

Во второто коло на турнирот во Шпанија, Надал загуби од Австралиецот Де Минор со 7:5, 6:1. На Рафа ќе му биде тешко да се врати на турнирот кој го освои 12 пати.

– Можам со речиси целосна сигурност да кажам дека нема повеќе да се натпреварувам овде. Посакувам да можев да бидам поконкурентен, но за мене беше убаво што можев да одиграм два меча. Тешко ми е… Имав доволно среќа да напишам прекрасна историја на овој турнир, а сега другите ќе се обидат да ме престигнат. Сè има почеток и крај, нема никаква драма – рече Надал по мечот.

Сопственикот на 22 Грен слем титули ги откри понатамошните планови:

– Ќе играм во Мадрид ако се чувствувам добро. Оттука заминувам убеден дека направив чекор напред. Ако моето тело добро реагира, верувам дека и јас ќе направам чекор напред во Мадрид. Ако телото може да го издржи напорот, тогаш ќе можам и подобро. Не зборувам за победа, туку за тоа да имаш ниво на игра за да можеш да се бориш. Малку подобро во Мадрид, малку подобро во Рим и ако даде Господ во Париз. Ќе биде момент да се обидам да дадам сè од себе, момент за кој ќе умрам – вели Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот