Радукану на Вимблдон ќе заработи повеќе од сонародниците Мари и Бултер заедно, иако не игра поради повреда

EPA-EFE/WILL OLIVER

Повредената Ема Радукану, иако не игра, од спонзорски договори на Вимблдон ќе заработи 268.000 фунти што е многу повеќе од наградите на нејзините сонародници од Британија Енди Мари и Кети Бултер, кои се потеа на терените на Ол Игланд клубот

Британската тенисерка Ема Радукану (20) на Вимблдон ќе заработи повеќе од нејзините сонародници Енди Мари и Кети Бултер заедно, иако таа воопшто не игра на терените на Ол Ингланд клубот, затоа што е повредена.

Радукану е многу популарна, има многу спонзори и нејзините спонзорски договори при појавувањето на повеќе штандови на Вимблдон и носат повеќе пари од она што како награди го освоија Мари и Бултер.

Радукану заработува 134.000 фунти неделно од спонзорите, што значи за време на турнирот ќе заработи 268.000 фунти.

Мари (36) доби 85.000 фунти парична награда за пласман во вториот круг, во кој беше драматично поразен од Стефанос Циципас во пет сета одиграни во текот на два дена.

Кети Бултер (26) успеа да стигне до третото коло, но беше убедливо поразена со 6-1, 6-1 од бранителот на титулата Елена Рибакина. Таа од наградите заработи 131.000 фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот