Работните места главни жаришта на коронавирусот во Франција

Затворите и јавниот превоз, вклучувајќи ги и возовите и авионите, учествуваат само со 1 отсто, а училиштата и универзитетите со 4 отсто.

Работните места се главни жаришта на коронавирусот во Франција и претпријатијата би требало да им овозможат на работниците да работат од дома колку што е тоа можно после летните одмори, рече угледниот експерт за коронавирус.

Неделните податоци на министерството за здравство покажуваат дека од 9 мај приватните и јавните претпријатија учествувале со 22 отсто од 609 жаришта на заразата. Здравствените власти ги истражуваат речиси третина.

Податоците, кои не опфаќаат пензионерски домови и семејства, покажуваат и дека здравствените установи заедно се 16 отсто од жариштата, а пошироките семејства 14 отсто.

Затворите и јавниот превоз, вклучувајќи ги и возовите и авионите, учествуваат само со 1 отсто, а училиштата и универзитетите со 4 отсто.

„Со оглед на тоа дека претпрејатијата имаа највисока стапка како жаришта на корона, треба да пропишеме задолжително носење маски во сите затворени простории, вклучувајќи и приватни фирми“, рече Ерик Кауме, шеф на Одделението за заразни болести на прашката болница Ла Питие-Салпетриер за радио станицата Франсинфо.

Кога е тоа можно, претпријатијата би требало и натаму да им овозможат на работниците да работат од дома, додава тој, сметјќи дека тоа е разумно,.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот