Работнички подобар од Пелистер во кошаркарското дерби во Битола

фото: kfsm.mk

Работнички во второто коло од Првата македонска кошаркарска лига во салата „Боро Чурлевски“ во Битола славеше против Пелистер на гостински терен (92:89) на дебито на Дарко Радуловиќ како предводник на „зелено-белите“.

Во првата четвртина Пелистер беше тимот кој го контролираше резултатот, најголемата позитива достигнуваше двапати до „плус седум“ (25:18, 28:21). И вторите 10 минути играчите на Радуловиќ ги почнаа добро, но сега нивната предност постепено се намалуваше. Работнички не само што ја доби четвртината 30:18, туку и замина со водство од 51:46 на паузата.

фото: kfsm.mk

Многу брзо Работнички се стекна и со двоцифрена позитива. По три и пол минути игра во третиот период, гостите водеа со 60:50, но со серија (9:2), Пелистер се врати на 59:62. Но, ништо повеќе од тоа не направија домашните кошаркари. Постојано го „бркаа“ водството на екипата со „подлабок ростер“. По три одиграни четвртини, Работнички имаше сосема солидни 76:64.

Таква беше „сликата на теренот“ и во последниот период. Во неколку наврати биточани се доближија на негатива од седум поени (75:82), потоа на 77:84, како што беше резултатот во 35 минута. Нешто потоа, беа и на 82:89, кога останаа да се доиграат 02:43 минути. Поентирањато на Стојановски, за резултат 84:89 донесе неизвесност во последните две минути од дербито. Маслинко положи за уште пониски 86:90 на влезот на последната минута од играта.

фото: kfsm.mk

Тројката на Бернард, го доближи Пелистер на само поен негатива (89:90). Домашните кошаркари не успеаја да ја освојат топката со која ќе имаа напад за победа. Еден „отпадок“ собра Де Коузи, кој доби две слободни фрлања кој ги реализираше за 92:89. А обидот на Бернард, не заврши каде што посакуваа „пелистерци“, па на крајот се радуваше Работнички.

Прв стрелец во победничките редови беше Хрватот Рикиќ со 18 поени (седум скокови), а на спротивната страна Американецот Бернард реализираше 27 поени (10 скокови, седум асистенции). Охрид го надигра составот на ФМП Академија со 82:66, а ТФТ со 77:66 беше подобар од Чаир 2030.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот