Работата од соништата! Оваа компанија нуди плата од 11.600 евра за да спиете

Фото: Pexels/ Marcus Aurelius

Компанијата „Бенсон фор бедс“ (Bensons for Beds) нуди работа за улогата „Главен за спиење“ (Chief Sleep Officer – ЦСО), односно бара личност која би заработувала со спиење.

Ова навистина звучи како работа од соништата, а избраната личност ќе добие 10.000 фунти (околу 11.600 евра) за шест месеци вработување со половина работно време кое покрива 874 часа обука, спиење и бесплатно купување, пишува „Дејли стар“.

„Среќниот кандидат ќе може да тестира до еден душек на секои две недели, четири перници месечно и една рамка за кревет на секои шест недели“, објаснила Кери Вествел, шеф на одделот за човечки ресурси во оваа британска компанија.

„Тоа е совршена улога за секој што сака да го надополни својот постоечки приход или сака да ја истражи индустријата за кревети пред да направи голем чекор и промена во кариерата“, додала таа.

Истражувањето на компанијата „Бенсонс фор бедс“, исто така, открило дека 28 отсто од Британците заспале на работа кога не треба, а главните причини за тоа биле здодевноста (33 отсто), не се чувствувале добро (30 отсто) и премногу топлата просторија (24 осто).
На среќниот кандидат ќе му бидат дадени повеќе од 14 часа тренинг „во кревет“ за да го развие своето знаење и разбирање за спиењето. Тие, исто така, ќе научат да ги препознаваат предизвикувачите кои придонесуваат за лош сон и добрите навики што луѓето треба да ги усвојат за да ги подобрат оптималните модели на спиење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот