Путин: Употребата на нуклеарно оружје може да доведе до глобални трагични последици

Фото: Профимедиа

Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за „Фајненшл тајмс” оцени дека употребата на нуклеарно оружје би имала „глобални трагични последици” за секоја личност на планетата.

– Одлуката на САД да се повлечат од Договорот за ограничување на системот на противракетна одбрана 2002 година и да го напуштат Договорот за ликвидација на ракети од среден и кус дострел го стави светот во ризик од нова трка во нуклеарно вооружување, оцени Путин.

– Сега програмата е фокусирана на Договорот за намалување на стратешкото оружје. Се надевам дека за тоа ќе можам да разговарам со Доналд Трамп, доколку се сретнеме во Осака – изјави рускиот претседател.

Тој воедно изрази загриженост поради заканата од обновување на трката во нуклеарното вооружување меѓу САД и Русија.

– Студената војна беше лоша работа, но барем постоеја некои правила до кои сите учесници во меѓународната комуникација, повеќе или помалку се придржуваа или се обидуваа да се придржуваат. Сега изгледа како воопшто да нема правила. И во таа смисла светот стана пофрагментиран и помалку предвидлив, што е најважно и најтажно – нагласи Путин пред Самитот Г20 во Осака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот