Путин на средбата со Гроси: Русија е подготвена да направи се за да ја осигура нуклеарната безбедност

Владимир Путин / Фото EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија е подготвена да направи се за да ја обезбеди безбедноста на нуклеарната енергија.

„Москва е подготвена да работи со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во сите области поврзани со нуклеарната енергија и е благодарна на агенцијата за реципрочните чекори за зајакнување на соработката, рече тој на средбата со директорот на МААЕ Рафаел Гроси“, пренесуваат руските медиуми.

Путин и Гроси разговараа околу 50 минути во државната резиденција Бочаров Ручеи во Сочи.

На средбата присуствуваше и генералниот директор на Росатом, Алексеј Лихачев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот