Пукотница во Илиноис: Напаѓачите бегајќи се удриле во воз

Полициско возило / Фото: Слободен печат, архива

Во престрелката во Источен Сент Луис, Илиноис, биле повредени неколку лица, а властите организираа потрага по осомничените кои удриле во патнички воз додека бегале.

Во инцидентот што се случи вчера околу 16 часот, шест лица се повредени, меѓу кои едно малолетно лице. Сите седуммина се хоспитализирани и нивната состојба засега е непозната, пренесува САД Тодеј.

Тројцата напаѓачи започнале да пукаат додека се обидувале да го избегнат возот на блискиот железнички премин. Возот удрил во возилото во кое биле осомничените, кои потоа избегале и за нив моментално се трага.

Источен Сент Луис, град со околу 25 илјади жители во југозападниот дел на Илиноис, кој е одделен од Сент Луис, Мисури, покрај реката Мисисипи, одамна има лоша репутација.

Податоците на Американското федерално биро за истраги од 2019-та година покажуваат дека овој град имал највисока стапка на убиства по глава на жител во Соединетите држави, од оние со повеќе од 10.000 жители, и го зазема четвртото место по бројот на сите насилни злосторства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот