Психолог открива зошто сакаме да чувствуваме страв: Од хорор филмови до проколнати куќи

Фото: Thewebprincess/Flickr

Од ролеркостер и екстремни спортови до хорор филмови и проколната куќи, многумина од нас сакаат да се почувствуваат страв.

Срцето ни чука, дланките ни се потат, мускулите ни се напнати, стомакот ни е во грч и кожата ни се наежува, а сепак поради некоја причина уживаме во тоа.

Зошто сакаме да чувствуваме страв? Според психологот Малколм Шофилд, сè се сведува на еволуцијата, биологијата и општеството.

Нашиот биолошки одговор на чувството на страв инстинктивно се развивал во текот на илјадници години со цел да нè подготви за ситуации опасни по живот.

Иако во историјата луѓето се плашеле од средба со тигар или лав во дивината, денес заканите се многу помали, но нашиот биолошки одговор сè уште постои. Постои и аргумент дека поп-културата нè условува да мислиме дека мора да се соочиме со опасност за да изгледаме силни.

Тука е и напливот на адреналин што го доживуваме кога сме во паника, што може да предизвика зависност кај многумина. Стоењето пред лицето на стравот и заминувањето од настан неповреден, ни носи нам и на нашите умови големо чувство на задоволство – барем за некои од нас.

Гледајќи хорор филм или влегувајќи во опседната куќа, допираме длабоко вкоренети човечки инстинкти и го надминуваме стравот пред нас.

Ова подоцна го поттикнува мозокот да ги ослободи чувствата на добра волја како начин да не награди за преживувањето. Сепак, премногу уживање во опасност, особено кога е реална, може да укаже на психопатија и екстремно ризично однесување.

Сепак, ако се ставите во потенцијално смртоносни ситуации за да се исплашите, тоа може да укаже на нешто сериозно, изјавил Д-р Шофилд, предавач на Универзитетот Дерби во Англија.

Овде тој навлегува понатаму во науката зад стравот и што преголемото уживање во истиот може да откире за нашата личност и ментална состојба.

Д-р Шофилд, кој е специјализиран за паранормални верувања, религиозни верувања и духовност, вели дека има неколку причини, но се зависи од тоа колку е „реална“ ситуацијата во однос на нашето ниво на уживање.

„Гледањето хорор филм е страшно, но не сте во опасност. Ако се занимавате со екстремен спорт, како скокање со падобран, постои поголема опасност, но повторно, ако сè е безбедно, големи се шансите дека ќе бидете добро. Меѓутоа, во непредвидлива, опасна ситуација која доаѓа од никаде, стравот што го доживувате е помалку пожелен“, рекол тој.

Стравот го гледаме од тројна перспектива – еволутивна, биолошка и социјална

„Од еволутивна перспектива, предиспонирани сме да бараме страв затоа што едноставно сме еволуирале за да го чувствуваме. Нашите предци кои не чувствувале страв имале поголема веројатност да бидат изедени од тигрите и да не ги пренесат нивните гени. Друга теорија е биолошка и тој страв ни дава адреналин, што може да предизвика зависност. Теоријата која се заснова повеќе на општеството е дека медиумите и нашите семејства ни влијаат да изградиме мислење дека соочувањето со стравот е знак на сила“, додал тој.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот